20 октомври, 2026
Синдикалната кошница надмина 70.000 денари, а една минимална плата не е доволна ниту за покривање на основните трошоци за храна. Ова е суровата реалност со која се соочуваат македонските работници!

Додека владините претставници зборуваат за успеси и економски напредок, граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапа храна, високи сметки и сè помала куповна моќ.
За работниците, владините фалби не значат ништо кога платата не стигнува ниту за основните потреби на семејството.
Владата мора да одговори: Kако очекува едно семејство да преживее кога трошоците за живот ја надминуваат неговата заработка!?
НСДП бара со ребалансот на Буџетот да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата. Наместо да бара трпение од работниците или да бара тие самите да се договорат со работодавачите, Владата мора да покаже одговорност и да преземе конкретни мерки за подобрување на животниот стандард.
Средства за оваа цел треба да се обезбедат и преку кратење на непродуктивните буџетски трошоци, привилегиите и удобностите на функционерите.
Во време кога илјадници семејства едвај врзуваат крај со крај, недозволиво е власта да ги штити сопствените привилегии, а од работниците да очекува да се откажуваат од основните животни потреби.
Буџетот мора да биде во служба на граѓаните, а не на луксузот на функционерите!
Парите на граѓаните треба да се насочат кон повисоки плати, подобар животен стандард и поголема социјална сигурност, а не кон одржување на скапа и привилегирана власт.
НСДП не прифаќа сиромаштијата да се претставува како неизбежна судбина, ниту работниците да бидат жртви на погрешните приоритети на Владата.
Достоинствениот живот не е привилегија, туку основно право на секој човек што чесно заработува за себе и за своето семејство.
Владата на Мицкоски мора да направи јасен избор: Дали ќе продолжи да ги штити привилегиите на функционерите или конечно ќе застане на страната на работниците!?
На работниците не им требаат празни ветувања – им требаат повисоки плати, пониски трошоци и достоинствен живот!





