Честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј

24 мај, 2026
По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј, НСДП упатува честитки до сите граѓани.
Нивното дело претставува темел на словенската писменост, култура и духовност. Со создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, тие го отворија патот кон образованието и просветителството, оставајќи трајна и неизбришлива трага во историјата на словенските народи.
За македонскиот народ, делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува и темел врз кој се развивале македонската писменост, македонскиот јазик, идентитетот и културата. Нивната просветителска мисија е вградена во нашето духовно и национално наследство.
Денес, нивниот завет нè потсетува на значењето на знаењето, образованието и зачувувањето на културното наследство како основа за напредно и достоинствено општество.
Нека ни е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Св. Кирил и Методиј!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство