18 мај, 2026
Денес во Скопје се одржа 19тата седница на Централниот одбор на НСДП. На седницата се разгледуваа програмските и извештајни документи за претстојниот Седми Конгрес на партијата и кадровски прашања за утврдување на предлог-кандидат за претседател и за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.
Седмиот Конгрес на НСДП ќе се одржи на 31 мај 2026 година во хотел Хилтон, во Скопје.
Централниот одбор на Конгресот му предложи усвојување на следните документи:

Извештај за работата на НСДП помеѓу Петтиот и Седмиот Конгрес, 2022 – 2026 година;

Декларација за заштита на трудот;

Декларација за намалување на прекарната работа и несигурниот работен однос;

Етички кодекс на НСДП;

Одлука за бројот на членовите на Централниот одбор на НСДП и за дополнување на Централниот одбор со членови до статутарниот максимум помеѓу два конгреса;

Одлука за престанок на членство во Централниот одбор.

За единствен предлог-кандидат за претседател на НСДП на Седмиот Конгрес, едногласно беше утврден досегашниот претседател на партијата, Горан Мисовски.

Исто така беше утврдена предлог-листа за членови на Централниот одбор на НСДП, орган кој ќе брои 70 членови и предлог-листа за членови на Надзорниот одбор на НСДП, орган кој ќе брои 9 члена.
Централниот одбор го утврди и Дневниот ред на Седмиот Конгрес.
Силно и чесно!