8 април, 2026
По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, НСДП упатува искрени честитки до сите припадници на ромската заедница.

Овој ден е симбол на борбата за еднаквост, достоинство и почитување на човековите права. Ромската заедница е нераскинлив дел од нашето општество, со богата култура, традиција и придонес во развојот на државата.
НСДП останува посветена на градење на праведно и инклузивно општество, во кое секој граѓанин има еднакви можности и еднаков третман.
Нека 8 Април биде потсетник дека различностите се наша сила, а солидарноста наш пат кон подобра иднина.
Честит Меѓународен ден на Ромите!





