НСДП и Организацијата на жени на НСДП го изразуваат своето јасно и недвосмислено поддржување на осмомартовскиот марш „Нема да нè снема“, кој ќе се одржи во Скопје по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Слоганот „Нема да нè снема“ е силна порака дека жените нема да молчат пред неправдите, дискриминацијата и насилството.
Во општество во кое женскиот труд често е невидлив, помалку платен и недоволно заштитен, потребна е јасна и гласна борба за еднаквост, достоинство и почитување на правата на жените.
Особено загрижувачки е зголемениот број случаи на родово базирано насилство и фемициди, кои бараат силна институционална реакција и системска заштита на жените.
Дополнително, многу жени кои работат во несигурни и хонорарни работни односи се соочуваат со недостиг од здравствено, социјално и пензиско осигурување, што ја продлабочува нивната економска и социјална ранливост.
Борбата за правата на жените е борба за поправедно и подостоинствено општество за сите.
Ги повикуваме членовите и симпатизерите на НСДП, како и сите граѓани кои веруваат во еднаквост и правда, да се приклучат на осмомартовскиот марш „Нема да нè снема“ на 8 март во 12:00 часот, со почеток во паркот „Жена Борец“ во Скопје.
Заедно да испратиме јасна порака дека жените нема да бидат замолчени и дека нивната борба за еднаквост, безбедност и достоинство продолжува.





