27 февруари, 2026
Нацрт-извештајот за Македонија за 2025 година, презентиран од известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, пред АФЕТ, јасно укажува дека земјата стагнира во клучните области – уставните измени, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

НСДП оценува дека пораките од Европскиот парламент се директен политички аларм до Владата предводена од Христијан Мицкоски.
Додека европските институции зборуваат за „прозорец на можности“ и потреба од итно забрзување на реформите, Владата две години нуди празни изјави, националистички наративи и политички пресметки со неистомисленици.
ВМРО-ДПМНЕ не е повеќе опозиција – тие се власт веќе две години. Одговорноста за застојот во евроинтеграциите,
недоволниот напредок во правосудните реформи, слабата борба против корупцијата и изгубената доверба кај европските партнери, е исклучиво нивна.
Наместо „горда Македонија“, денес гледаме гол и ефтин популизам. Наместо државничка зрелост за уставните измени како дел од Преговарачката рамка од 2022 година, сведочиме на тактизирање и обиди за политички профит.

Извештајот на Вајц јасно нотира дека напредокот е недоволен и дека постои ризик од дополнително пролонгирање на процесот. Ова не е критика од опозицијата – ова е официјална оценка од Европскиот парламент.
Македонија нема повеќе време за изгубени години. Европската перспектива не се брани со пароли, туку со храброст, одлуки и вистински реформи.
НСДП повикува Владата веднаш да ја напушти реториката на конфронтација и да покаже политичка одговорност.
Државниот интерес и европската иднина мора да бидат над дневнопартиските калкулации.





