НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО – УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА КОНТРОЛА ВРЗ ПРАВДАТА

20 февруари, 2026
НСДП изразува сериозна загриженост за содржината на новиот Закон за јавното обвинителство, кој Владата го претставува како европска реформа, а во суштина остава простор за политичко влијание врз институцијата што треба да биде гарант на владеењето на правото.
Вистинските европски стандарди не се сведуваат на формално усогласување со препораки, туку подразбираат суштинска независност, финансиска автономија и јасни механизми што ќе го штитат обвинителството од партиски притисоци.
Наместо тоа, предложените решенија отвораат сериозни дилеми околу процедурите за избор и разрешување на јавните обвинители, како и околу влијанието што политичките центри на моќ можат да го имаат врз клучните одлуки во системот.
Особено загрижува фактот што Владата зборува за европски вредности, а не обезбедува доволни гаранции за стабилна финансиска независност и кадровска екипираност на обвинителството. Без реални ресурси и јасно поставени заштитни механизми, секоја законска формулација останува декларативна и не може да ја гарантира ефикасната борба против организираниот криминал и високата корупција.
НСДП смета дека реформите во правосудството не смеат да бидат средство за консолидирање на политичка контрола, туку процес што ќе ја зацврсти довербата на граѓаните во институциите. Европската интеграција на државата подразбира силни и независни институции, а не институции што ќе зависат од волјата на актуелната власт.
НСДП ќе продолжи гласно да се залага за вистинска и суштинска реформа на обвинителскиот систем, заснована на транспарентност, професионалност и целосна институционална автономија.
Правдата мора да биде над партијата и над Владата – во служба на граѓаните и на европската иднина на државата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство