9 февруари, 2026

Почитувани сограѓани,
Го слушнавме отчетот за првите 100 дена од новиот мандат. Многу свечености, настани, презентации и најави. Но она што најмногу ги засега граѓаните – ударот врз нивниот семеен буџет – остана премолчено.
Додека слушаме за стратегии и физибилити студии, реалноста е поинаква:
•
Зголемени цени на комуналните услуги
•
Поскaпување на услугите во градинките
•
Поскaпување во старскиот дом
•
Поскaпување на паркингот во градот
Прашањето е:
Дали ова беше ветено во изборната програма?
⸻
Замислете четиричлено семејство:
• Дете во градинка
• Стар родител во старски дом
• Два автомобила со редовно користење паркинг
• Сметки за комуналии што растат
Тоа значи стотици, а за некои и илјадници денари повеќе месечно.
Во време кога инфлацијата и цените растат, локалната власт дополнително го притиска буџетот.
⸻
Недостиг на паркинг места има со години.
Наместо системско решение – прво добивме повисоки цени.
Граѓаните прашуваат:
Дали прво требаше да се изградат нови капацитети, па потоа да се зборува за корекција на цените?
⸻
Се отвора нов објект – што е позитивно.
Но истовремено се зголемуваат трошоците за родителите.
Каква порака испраќаме?
Од една страна зборуваме за поддршка на младите семејства, од друга страна ги оптоваруваме.
⸻
Пензионерите се најранливата категорија.
Нивните приходи не растат со темпото на поскапувањата.
Дали социјалната грижа треба да се третира како профитабилна услуга?
⸻
Ако буџетот е рекорден, зошто прв чекор е поскапување?
Дали управувањето со јавните претпријатија е ефикасно?
Дали се намалени непродуктивните трошоци?
Транспарентност значи и да се каже:
Колку од поскапувањата се за покривање долгови, а колку за нови инвестиции?
⸻
Овој „отчет“ зборува за настани.
Граѓаните чувствуваат – поскапувања.
Развој не е само гондола и студии.
Развој е кога семејството ќе може полесно да го истурка месецот.
Ќе продолжиме да прашуваме:
• Зошто првите 100 дена донесоа повисоки сметки?
• Каде се конкретните економски резултати?
• Кога граѓаните ќе почувствуваат вистинско подобрување?
Битола заслужува отчет со бројки – и политика што не удира по џебот на своите граѓани.





