3 февруари, 2026
Реакција на потпретседателот на НСДП и член на Советот на општина Битола, Драги Крстев:

Жителите на Логоварди, по секој посилен дожд, повторно остануваат со поплавени дворови, подруми и ниви.
Истата мака, истиот страв, истата штета – со години без решение.
Додека водата им влегува во домовите, локалната власт во Битола не нуди решение, туку нуди нови сметки, нови поскапувања и нов товар на грбот на народот.
Наместо заштита – добивме повисоки цени.
Наместо инфраструктура – добивме изговори.
Наместо работа – добивме молк.
Ова не е „виша сила“.
Ова е негрижа, неспособност и отсуство на план.
Бараме ИТНО:
• расчистување и проширување на каналите
• атмосферска и одводна мрежа
• превентивни мерки пред, а не по поплавите
• конкретен рок и одговорност од градоначалникот
Логоварди и сите населени места заслужуваат безбедни домови, а не секој дожд да биде нова катастрофа.
Доста беше импровизација.





