НСДП изразува целосна и недвосмислена поддршка на жителите на село Блатец, општина Виница, кои достоинствено и истрајно протестираат против изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница

18 февруари, 2026
НСДП изразува целосна и недвосмислена поддршка на жителите на село Блатец, општина Виница, кои и покрај лошите временски услови достоинствено и истрајно протестираат против планираната изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница.
Реката Блатешница претставува витален ресурс за селото – од неа жителите се снабдуваат со вода за пиење и за наводнување на земјоделските површини.
Во услови на климатски промени, зачестени суши и намалени водотеци, секоја интервенција што може да го загрози водоснабдувањето и квалитетот на водата мора да биде предмет на највисок степен на јавна контрола, транспарентност и стручна анализа.
Во изминатите години, јавноста во државата беше сведок на бројни реакции против малите хидроцентрали, кои често предизвикуваат: намалување на природниот проток на реките, нарушување на биодиверзитетот, ерозија и деградација на речните корита и конфликт со локалното население поради загрозување на основните егзистенцијални потреби.
НСДП смета дека развојот на енергетиката не смее да оди на штета на здравјето, водата и правото на живот на граѓаните. Водата е јавно добро и основно човеково право, а интересите на локалното население мора да имаат приоритет пред профитот на поединци.
Го повикуваме премиерот Христијан Мицкоски да го слушне гласот на граѓаните од Блатец и да не дозволи повторување на практиките поврзани со масовното одобрување на мали хидроцентрали во чувствителни подрачја.
Наместо политики што создаваат поделби и недоверба, потребен е инклузивен процес со вистинска јавна расправа, независна еколошка експертиза и јасна гаранција дека нема да се загрози водоснабдувањето на селото.
НСДП бара итно стопирање на сите активности поврзани со изградбата на хидроцентралата на Блатешница додека не се спроведе целосна и транспарентна постапка. Да се објави целокупната документација и студиите за оцена на влијанието врз животната средина и да се вклучи локалното население во процесот на одлучување.
Правото на чиста и достапна вода не е прашање на политика, туку на опстанок, затоа НСДП дава целосна поддршка на граѓаните на Блатец, живописно планинско катче кое го воодушевува секој посетител.
НСДП институциионално во Советот на општина Виница и јавно ке се бори за правата на граѓаните за достапност за чиста вода и воздух како и зачувување на природните богатства на државата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство