НСДП го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шеќеринска, заменик-генерален секретар на НАТО

17 февруари, 2026
НСДП го осудува навредливото однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шеќеринска, заменик-генерален секретар на НАТО.
Овој напад не е само по полова основа, туку претставува и напад врз политиките за европска интеграција и евроатлантска перспектива на регионот. Обидите за дискредитација на Шеќеринска се обид за поткопување на вредностите на соработка, стабилност и европска иднина на Западен Балкан.
Фактот што Македонија, како релативно нова членка на НАТО, денес ја има втората позиција во Алијансата е силна потврда за довербата кон нашата држава, како и кон личноста, интегритетот и професионалноста на Шеќеринска. Тоа е успех на државата и признание за нејзиниот кредибилитет.
Истовремено, НСДП ги поддржува добрите односи со народот на Република Србија и нераскинливите врски меѓу граѓаните на двете држави. Нашата реакција не е насочена кон српскиот народ, туку кон недоличен политички наратив кој не придонесува за регионална соработка.
НСДП останува цврсто посветена на родовата рамноправност, европските вредности и достоинствен политички дијалог со соседите.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство