Пратеничката група на СДСМ и НСДП поднесе предлог-Закон за поддршка на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани

8 мај, 2025

Пратеничката група на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија НСДП – Нова социјалдемократска партија и коалицијата денеска во Собранието на Република Северна Македонија, поднесе предлог-Закон за поддршка на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и за членовите на нивните семејства. Предлогот е поднесен по скратена постапка.

Сметаме дека после настанот што се случи на 16-ти март оваа година во дискотеката во Кочани, државата има обврска да има институционален одговор, за којшто постојано укажуваме. Мора да имаме и брз институционален одговор којшто пред сè ќе даде поддршка на семејствата на жртвите и на оние лица коишто настрадаа во пожарот во Кочани, рече координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски.

Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на загинатите, како и низа мерки од сферата на социјалата, здравството и работните односи за сите настрадани.

Овој чин нема да ги залечи болките, но е сигнал дека државата стои зад своите граѓани. Очекуваме поддршка од сите пратеници и политички партии – да испратиме порака на единство, солидарност и одговорност, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека институционалниот одговор ќе значи темелна промена на многу законски решенија, коишто ќе придонесат за поинакво функционирање на целиот овој систем.

Пратеничката група како одговорна и совесна понуди решение и секогаш ќе нуди решенија коишто ќе бидат од интерес на државата и на граѓаните.

Очекувам, и ги повикувам сите политички партии, сите пратеници во законодавниот дом да се обединиме околу ова законско решение да ја испратиме таа порака на единство и на солидарност и заеднички да го изгласаме законско решение коешто ќе биде за поддршка на семејствата на повредените од несреќата во Кочани, порача Спасовски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство