Почитувани,
Ве известуваме декa Општинската организација на НСДП – Прилеп, на 27.03.2015 година одржа ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА, на која беше избрано ново раководство на Општинската организација на НСДП Прилеп.
Од поканетите 114 делегати на Општинската конференција присутни беа 104 делегати.
За нов претседател на Општинската организација,на НСДП ПРИЛЕП од 104 присутни делегати со 102 гласа за и 1 против е избрана Јулијана Цековска дипломиран политиколог родена 10.05.1982 година во Прилеп. Воедно беа избрани нов ИЗВРШЕН и НАДЗОРEН ОДБОР на ОО НСДП ПРИЛЕП со 100 гласa за и 3 против.
На изборната конференција се обрати и претседателот на НСДП, г-дин Тито Петковски кој говореше за актуелната политичката ситуација во Република Македонија. На конференцијата беа присутни и потпретседателот на НСДП Горан Мисовски и секретарот за меѓународна соработка Љубомир Јосифоски.