ЗОРИЦА АПОСТОЛСКА

 

Дипломирала на Економски факултет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје – насока, банкарство и финансии. Во својата професионална кариера се стекнала со повеќедецениско искуство од областа на банкарството и финансиите.

На почетокот на својата професионална кариера, до 1993 година Апостолска работи како раководител на сметководствениот оддел, а потоа и како Директор на финансии и заеднички служби во „Металски завод Тито Инженеринг“.

Во периодот од 1993 до 2002 година, ангажирана е како советник во Министерството за труд и социјална политика во областа на пензиско и инвалидско осигурување.

До 2009 ја обавува функцијата директорка на Агенцијата за суперревизија на капитално финансиско пензиско осигурување и е основач на истата.

До моментот на именувањето, Апостолска работи како Директорка на дирекцијата за наплата од банкарство на мало во Стопанска банка АД Скопје.

Во текот на својата кариера се стекнува со неколку сертификати од обуки во областа на пензиските системи меѓу кои од Харвард институтот за меѓународен развој и Институтот на Светска банка.

Има посетувано многу меѓународни конференции и има објавено повеќе трудови во земјата и странство.

Основач на НСДП и член на Извршниот одбор во повеќе мандати. На седницата на Централниот одбор на НСДП на 2 јуни 2018 година е избрана за потпретседател на НСДП.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство