ЗОРАН ГЕОРГИЕВ ОД БИТОЛА ИЗБРАН ЗА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АД ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА – СКОПЈЕ

1 јули, 2022
На денешната седница на Одборот на директори на АДИССДП за генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола, откако претходно Владата на Република Северна Македонија го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво.
Имајќи го во предвид еден од најважните документи на НСДП: „И ТРУДОТ Е КАПИТАЛ – Нова перспектива за работниците️”, Извршниот одбор на НСДП за директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката го предложи претседателот на Синдикатот во АДИССДП на РСМ.
Суштината на конгресниот документ на НСДП: „И трудот е капитал!“ е дека во процесот на производството и управувањето со претпријатијата трудот и капиталот треба да имаат еднаков односно партнерски однос и да бидат исто вреднувани.
Почитувајќи го овој документ, со политичката одлука симболично управувањето на акционерското друштво е во раце на работниците.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство