ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР МИКИ МИЛКОВСКИ СО СОБРАНИСКА СЛУЖБА ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА СЛОВЕНИЈА

27 мај, 2019

Во организација на ДЦАФ и Собранието на Република Словенија од 20 до 22 мај 2019 година, а во духот на Меморандумот за соработка помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и ДЦАФ, во Државниот збор на Република Словенија се одржа студиска посета на собраниската служба, предводена од заменик-генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Мики Милковски, во рамки на Програмата за реформа на безбедносниот сектор 2017 – 2020 и Проектот за зајакнување на парламентарниот и независен надзор.

Заменик-генералниот секретар Милковски, во рамките на посетата, оствари средба со Иван Иванчиќ – заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Словенија, на која беше разговарано за натамошна поблиска соработка меѓу службите на двата Парламента, како и унапредување и подобрување на парламентарните практики за парламентарниот и независен надзор.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство