За НСДП

Д-р Трпески Предраг е роден на 11.VII.1976 година во Гостивар. Основно образование и средно економско училиште завршил во родниот град, а дипломирална Економскиот факултет во Скопје, на департманот финансиско сметководствен менаџмент, во јуни 1999 година.

Своите први искуства во образовната дејност ги стекнал уште како редовен студент на Економскиот факултет во Скопје, кога бил ангажиран да изведува вежби по предметот Основи на сметководството, во својство на демонстратор. Во јули 2000г одина е избран за помлад асистент по предметот Основи на економијата на Економскиот факултет во Скопје.

Во април 2005 година го одбранил магистерскиот труд под наслов Новата кејнзијанска економијасо што се стекнал со звањето магистер по економски науки, а докторската дисертација на тема Релевантноста на новата кејнзијанска економија за пазарот на труд во Република Македонија, на Економскиот факултет во Скопје, ја одбранил во октомври 2010 година што се стекнал со звање доктор по економски науки.

Д-р Предраг Трпески има објавено повеќе трудови како дома така и во странство, кадеп отесно поле на истражување е функционирањето на пазарот на трудот и невработеноста како макроекономски проблем par exelance.

Во периодот септември 2006 до јули 2008 година д-р Предраг Трпески ја извршувал функцијата Заменик на министерот за финансии во Владата на Република Македонија. Во истиот период имал извршувано повеќе општествени и јавни функциикои се поврзани со функцијата Заменик на министерот за финансии.

Д-р ПредрагТрпески е член на НСДП уште од нејзиното основање. Од 2006 година, во континуитет, е член на Централниот одбор и Извршниот одбор на партијата. Во ноември 2008 година е избран за потпретседател на НСДП, а во декември 2013 е реизбран за потпретседател.

Денес д-р Предраг Трпески работи како доц.д-р по предметот Основи на економијата на Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство