15 октомври, 2022
Вчера 14 октомври 2022 година во просториите на Националната установа „Завод и Музеј Битола“ се одржа 12 Изборна Конференција на општинската организација на НСДП – Нова социјалдемократска партија Битола.

На Конференцијата беа присутни 80 делегати, претседателот на НСДП Горан Мисовски и генералниот секретар Мики Милковски, како и потпретседателите Драги Крстев, Јулијана Цековска и Зоран Маневски, организацискиот секретар Венцо Вуинов, членови на Извршниот одбор и гости од други општински организации на НСДП.

