16 октомври, 2026
Вчера во Брвеница се одржа завршниот митинг на кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Јовица Радевски, кандидат на СДСМ, НСДП и Коалицијата. На митингот присуствуваа претседателот на НСДП, Горан Мисовски, потпретседателката Соња Мираковска, генералниот секретар Мики Милковски, членови и симпатизери на НСДП. Покрај кандидатот за градоначалник на митингот се обрати и лидерот на опозиционата коалиција, др.Венко Филипче кој упати пораки на поддршка за кандидатот и критики за власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Кристијан Мицкоски.
Во недела гласајте за Јовица Радески и за конкретни решенија за Брвеница!

Бевме меѓу луѓето, ги слушавме, ги презентиравме проектите, програмата, решенијата.
Денес пред крајот на кампањата, со уште поголема сила, мотив и енергија, Ве повикуваме:
Излезете и гласајте в недела. Нека зборува вашата волја, нека зборува вашето гласачко ливче.
Вие најдобро знаете за што се гласа. Се гласа за добар, вреден и чесен човек – Јовица Радески.
Сите вие добро го познавате, секој ден е меѓу вас, во секое село и во секој дом. Има решенија за проблемите, преточени во неговата програма.
Се гласа за конкретни решенија и проекти. Обновена и проширена водоводна мрежа, пречистителна станица за отпадните води,обнова на системот за наводнување на обработливото земјиште, реконструирани улици и локални патишта, проширени мостови, агроиндустриска зона за преработка. За подобри услови во училиштата, расчистени диви депонии, уредено управување со отпадот и простори за одмор и рекреација.
Се гласа за промени во Брвеница, за да ја вратиме општината во рацете на жителите. Локалната власт досега беше во рацете на ВМРО и тие ги изневери граѓаните.
Еден градоначалник помалку за ВМРО, една општина повеќе за граѓаните!














