ВО БИТОЛА НА X-ТАТА ВОНРЕДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИЗБРАНО НОВОТО ОПШТИНСКО РАКОВОДСТВО НА НСДП

22 февруари, 2015

Почитувани,

Ве известуваме декa Општинската организација на НСДП – Битола, на 20.02.2015 година, во просториите на хотел Епинал, ја одржа X – та вонредна ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА, на која во статутарна процедура и потполно демократски процес беше избрано ново раководство на Општинската организација.

За нов претседател на Општинската организација, од страна на делегатите, со мнозинство на гласови, беше избран КРСТЕВ ДРАГИ – дипломиран правник и адвокат, а воедно беа избрани нов ИЗВРШЕН и НАДЗОРEН ОДБОР.

Новиот претседател на Општинската организација на НСДП – Битола, Драги Крстев е роден на 19.08.1976 година, дипломиран правник, специјалност меѓународно право и односи, по професија е адвокат.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство