ВМРО-ДПМНЕ со преземањето на сите фирми го враќа црниот капитал изнесен од државата

9 декември, 2016

Соопштение за јавноста и медиумите:

nsdp-logo1

Власта постојано зборува дека статистички имаме раст на економијата. Граѓаните најдобро знаат дека тој раст е декларативен а не реален, бидејќи тој не се одразува, односно нема реален ефект на животниот стандард кај сиромашниот слој. Таквиот статистички привид за раст на економијата го прикрива постојаното социјално раслојување македонското општество во кое богатство се повеќе се концентрира кај мал дел од населението, се разбира на сметка на т.н. средна класа, која полека исчезнува. Средната класа практично не постои, граѓаните се раслоени на многу мал број богати и огромен број сиромаси.

Безумното задолжување на државата за да се соочува социјалниот мир преку исплата на пензии и плати на административците, практично ги задолжува идните генерации на долгорочни долгови. Оние кои не учествуваат во донесувањето на политичките одлуки на власта за задолжување на државата ќе мора да ги враќаат долговите, и тоа токму генерацијата која денес има 12-13 години и нема право на глас, кога ќе наполни 22 или 23 години ќе треба да ги враќа долговите, иако не учествувале  во легитимирањето на одлуките преку изборниот процес.

 Дополнително, елитата на ВМРО-ДПМНЕ со превземањето на сите фирми во државата и со отворањето на т.н. технолошко-индустриски развојни зони, практично го враќа црниот капитал што го изнесоа од државата (над 5 милијарди евра), но сега испран и како легален, продавајќи ни го како директни странски инвестиции. Голем број на новопечени бизнисмени и политичари од владејачката партија  со пари, имот и акции енормно се збогатија за кратко време.

 Новата влада на коалицијата „За живот во Македонија“ со механизми на даночната политика противзаконски стекнатиот имот ќе им го одземе. Не како чин на освета, туку како дел од системот што ќе функционира врз основа на правото и јавниот морал. Нема ништо по нормално, во недостаток на пари, државата да посегне по тие што краделе и сега имаат капитал. Преродбеничката олигархија ќе мора да го врати сето украдено од најсиромашниот народ во Европа и од стопанството кое го клекнаа на колена.

Во една социјална држава, простата логика налага некој кој што има голема куќа треба да плати поголем данок, како и оној што има поголем банкарски депозит да треба плати поголем данок. Согласно оваа логика, по 11 декември, оние кои што преку тендери во јавниот сектор, безмилосно ги присвојуваа парите на сите граѓани, обезбедени со државниот буџет, дополнително ќе треба да платат и еднократен данок на богатството стекнато со злоупотреба на државните финансии. Тој данок не смее да биде понизок од 30% од вкупно стекнатиот  капитал преку тендери во јавниот сектор. Станува збор за еден мал број на бизнисмени и компании кои по правило сите изминати 10 години ги добиваа тендерите од владејачката структура.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство