ВМРО-ДПМНЕ да престане со притисоците, уцените и заканите врз Македонците од Мала Преспа и Пустец

21 март, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски да престанат да ги понижуваат Македонците од Пустец и Мала Преспа. Под секое човечко достоинство е овие луѓе да ги малтретирате и омаловажувате, да ги уценувате со 5 евра и еден сендвич за да дојдат на гласање. Крајно нечовечки и нехумано е да ги третирате како граѓани од втор ред, да престојуваат по 50-70 луѓе во еден стан.

Господине Груевски нели со проекти од портокаловата револуција ќе ги баравте гласовите на граѓаните? На Македонците во Мала Преспа и Пустец им ветивте обезбедување на услови за попристоен живот, а вие ги изложувате на јавен срам и понижување, сакајќи на сила да влијаете на изборниот резултат?

Наши сограѓани од Пустец и Мала Преспа не се понижувајте и не потклекнувајте под притисокот на луѓето од владејачката партија, кои преку криминалните проекти изнесуваат милиони евра надвор од Македонија, а вашиот глас се обидуваат да го купат на крајно недостоинствен начин.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство