ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот ако им се дадеше амнестија

18 септември, 2018

Претседателот на НСДП Тито Петковски, потпретседателот Горан Мисовски и секретарот на партијата Кристијан Трајковски вчера во Кочани остварија средба со раководствата на општинските организации на партијата од третата изборна единица.

На регионалниот состанок се разговараше за престојниот референдум и за политичките и економските перспективи кои се отвроаат пред Македонија со зачленување во ЕУ и НАТО.

„Со затворањето на повеќе деценискиот спор за името со нашиот јужен сосед пред Македонија се отвора голема шанса да стане дел од семејството на ЕУ и НАТО. На тој начи преку стекнување на поглема стабилност и безбедност ќе се овозможи прилив на нови странски инвестии, отворање на нови работни места, поголем раст на платите и БДП“, рече Петковски.

Претседателот Тито Петковски потсети дека речиси сите влади досега преговарале за името, но никој досега немал храброст со тоа решение да се оди до крај.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано заговараше за ова прашање да се спроведе референдум и сега кога некој реши да ги послуша нивните повеќегодишни заложби истите тие повикуваат за бојкот, со што не и мислат добро на својата држава“, рече Петковски, притоа потенцирајќи дека постогнатиот договор со Грција е од големо значење и поради признавањето на македонскиот јазик и идентитет.

Потпретседателот на партијата и потпретседател на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски изрази оптимизам за усшеносат на референдумот.

„Интензивните средби со граѓаните, разговорите и размената на мислења со нив ми дава за право да речам дека граѓаните на Македонија ги разбираат придобивките од решавањето на спорот за името со Грција. Станува јасно дека поддршка е голема, Истокот го препрознава историскиот момент и  подготвен е да даде позитивен одговор на референдумското прашање“, рече Мисовски, притоа истакнувајќи дека поддршката која ја имаме од целиот западен свет е поголема од кога било и не смее да се пропушти оваа можност.

Според Мисвоски, тоа што ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став е штетно за државата, а повиците за бојкот, кои доаѓаат од одредени маргинални политички кругови, се неодговерен и анти државен чин.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот ако им се дадеше амнестија. Како што беше додека беа на валста, така е и сега, своите лични интереси ги ставаат пред државните“, рече Мисовски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство