ВЛАДИМИР КЛИНЧАРОВ, ЈОСИФ СТОЈАНОВ И ДАЈАНА МУКАЕТОВА НА ОТВОРАЊЕ НА ИЗБОРЕН ШТАБ НА “КОАЛИЦИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА” ВО КАВАДАРЦИ

1 април, 2024

Членот на Извршниот одбор на НСДП – Нова социјалдемократска партија и претседател на НСДПКавадарци Владимир Клинчаров со членот на Централниот одбор на Нова Социјалдемократска Партија Јосиф Стојанов и Дајана Мукаетова од Извршниот одбор на организацијата на жените на НСДП присуствуваа на отворање на промотивен изборен штаб на “Коалицијата за европска иднина” во Кавадарци.


Говореше носителот на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 4, Венко Филипче кој истакна дека платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000.
Филипче пред граѓаните потсети на вложувањата во здравството, земјоделието и покачувањето на платите кои владата ги направи во изминатиот мандат.

Истакна дека во следните четри години има предвидено уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието, а платите во сите сектори ќе продолжат да растат.
„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите.Тој истакна дека во изминатите 4 години се направени големи вложувања во болницата во Кавадарци, но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги.


Филипче се осврна и на приходите и проектите во земјоделството и најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство.
„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакна земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“ – истакна Филипче.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство