(ВИДЕО) Петковски: Христо Кондовски е најдоброто за Битола

27 октомври, 2021

„Како треба да изгледа градоначалник на еден голем град, како што е Битола, тоа е Христо Кондовски, затоа што зад себе има богато искуство во бизнисот и професионален живот, тое е човек без хипотеки, сопственик на фирма, преку која обезбедува живот и за други луѓе“, изјави денес претседателот Тито Петковски во Битола, по средбата која ја имаше со кандидатот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ , Христо Кондовски, на кого му изрази безресервна поддршка од НСДП.

Претседателот Петковски истакна дека пред битолчани, наспроти Кондовски, стои лекар, кој треба да помага на луѓето во сферата на здравството, да ги лекува луѓето, кој нема потенцијал подобро да менаџира град со богати содржини отколку човек со менаџерско искуство од бизнисот.

„Ако битолчани во првиот круг излегоа и дадоа голема поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ако се лути на централната политика на власта, не треба да се лутат на Христо Кондовски и да ги казнуваат граѓаните на Битола да немаат добар градоначалник“, изјави Петковски истакнувајќи дека силната поддршката на НСДП е резултат и на тоа што Христо Кондовски е човек без политичка позадина или хипотека.

Претседателот на НСДП повика граѓаните да излезат масовно во недела и да ја дадат поддршката за Христо Кондовски и да се уверат дека без партиска позадина може успешно да се води еден град.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство