(ВИДЕО) Пендаровски: Не сум продукт од ничиј партиски инкубатор

6 април, 2014

pendarovskiStevoKonvencija

Кандидатот на СДСМ за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека не му е хендикеп што оди сам на бина, затоа што знае дека зад него има куп луѓе кои размислуваат слично како него меѓутоа сака да ги каже работите со име и со презиме.

Пендаровски смета дека класичните ингеренции на Претседателот или оние што се напишани во Уставот, во овој момент не се најбитните за државата, за целиот народ. „Најголемите проблеми, дури и закани ако сакате за стабилноста на државата, а особено за внатрешната кохезија на населението е токму во економско-социјалната сфера.

Сега ќе ме прашате што јас тука би имал како Претседател. Јас можам да зборувам за тоа и да не ги оставам на мира оние што ќе бидат на власт, во владата да поминуваат преку тие теми како да се небитни. Затоа што иселувањето од Македонија е со алармантни пропорции, економијата е на гранки како што не била, ако воопшто има некакво вработување, тоа е вработување во државните структури, во државните институции, администрацијата, тоа не се продуктивни вработувања, нека ги има, ама треба да ги има и на други места.

И вие можете до утре да зборувате за одбрана, за безбедност, за надворешна политика, но ако внатре немате добар продукт, вие и надвор не ќе имате што да продадете“, вели Пендаровски.

Пендаровски посочува дека не е без партија и без коалиција зад себе, не е независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија, тоа е точно, но комплетната политичка, логистичка, организациона, како сакате поддршка ја добивам од 12 партии што се во опозицискиот блок предводен од СДСМ. Илузија и лага би било ако кажам дека одам сосема сам на терен без луѓе кои таму ме пречекуваат и ги организираат тие средби од каков било тип, меѓутоа мојата кандидатура е обид да внесам нешто ново во македонската политика. Со јасна политичка поддршка, со јасна позадина во опозицискиот блок, сакам да кажам дека може и поединец и индивидуа со име и со презиме, со свој бекграунд, со свој професионален и политички интегритет да понуди плус од тоа што е барем досега препознатлива опозициона стратегија.

Не ми е хендикеп што одам сам на бина, затоа што знам дека зад мене има куп луѓе кои размислуваат слично како мене, меѓутоа јас сакам да ги кажам работите со име и со презиме, не сакам да копирам кој било друг, затоа што јас не сум продукт од ничиј партиски инкубатор“, вели кандидатот на СДСМ за Претседател на Македонија, Стево Пендаровски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Повеќе од видеото.

 

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство