31 март, 2014
Што е потребно? Нови лица, нови политики и комплетно нова политичка власт!
13ти и 27ми Април се клучните датуми. Нема да имаме подобра шанса во наредниов период да ја смениме работава на подобро
Како шеф на државата нема да бидам нем за тоа како се трошат народните пари. Ова расипничко расфрлање со пари на граѓаните мора да престане. Економски тонеме. Од лидер во регионот, денес сме на опашката на Балканот а Балканот е на опашката на Европа, што значи последни сме.
Македонија не го заслужува тоа!