(ВИДЕО) Мираковска до бугарскиот колега Јорданов: Јас сум Македонка и зборувам на македонски јазик

7 октомври, 2022

„Ниту на мене ниту на моите сограѓани никогаш не можете да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик“, рече пратеничката Соња Мираковска во дебатата со бугарскиот колега, европратеникот Александар Јорданов, откако тој кажа оти за отпочнување на преговорите Северна Македонија прво треба да изврши промена во Уставот, преземено од порталот www.360stepeni.mk

Ниту на мене ниту на моите сограѓани никогаш не можете да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик, рече пратеничката Соња Мираковска, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Северна Македонија-ЕУ за време на дебатата во Европскиот парламент во Стразбур.

Во дебатата бугарскиот европратеник Александар Јорданов посочи дека Советот на ЕУ дал став во кој е јасно кажано дека Македонија пред сè треба да изврши промена во својот Устав за да ги отпочне реалните преговори за членство во ЕУ.

Мираковска на тоа реплицираше дека таа е Македонка, зборува на македонски јазик и живее во Македонија и оти тоа е нејзиниот идентитет.

„Ги признавам моите сограѓани Албанци, Турци па и Бугари ако ги има. Македонија е пример за мултиетничко општество“,

посочи Мираковска.

Таа додаде дека поради долгото чекање на земјава за отпочнување на преговорите со ЕУ се појавил голем проблем, а тоа како што рече, е земањето бугарски пасоши.

„Вие имате бугарски пасоши кои се регистрирани на една бандера во град во Бугарија. Вие имате бугарски пасоши кои се дадени на сосема нелегален начин и тоа е нешто што треба да се испитува во иднина. Тоа е ваш проблем кој вие треба да го решавате“,

заклучи Мираковска.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство