Согласно Законот за Локална самоуправа и Законот за заштита на деца, одлуката на директорката на Детската градинка ‘’Јасна Ристеска’’ од Охрид за воведување на нови цени за полудневен престој на деца е незаконска. Директорката нема добиено согласност од Советот на Општина Охрид за измена на ценовникот за полудневен престој. Ја повикуваме Директорката да ја повлече нејзината одлука за новите цени за полудневен престој на децата во градинките во Охрид,реагира советничката во Градскиот совет Верица Хајба.
Градоначалникот треба на соодветен начин да делува во санкционирањето на директорите кои ги има назначено за вршители на должност во Јавните установи, а кои забораваат дека треба да ги почитуваат законите на Република Македонија, односно донесуваат одлуки за кои немаат добиено согласност од основачот односно Советот на Општина Охрид, и на тој начин стануваат противзаконски одлуки.
ЈОУДГ ‘’Јасна Ристска’’ – Охрид како јавна установа треба да обезбеди еднаков третман за сите деца без разлика на нивното социјално потекло. Според принципите за заштита на правото и живот на децата, секое дете има право на минимум стандард под еднакви услови, исклучување на каква било форма на дискриминација. Дали со вакви цени ги почитуваме правата на децата за еднаков третман или вршиме нивна социјална дискриминација?