Денес во Занатски дом во Куманово се одржа 13тата седница на Централниот одбор на НСДП.

На седницата членовите на Централниот одбор дискутираа за актуелната политичка состојба во државата и позиционирањето на партијата по сите важни прашања за граѓаните и државата.
НСДП ги отпочнува активностите за подготовка и учеството на партијата на претстојните локални избори. Партијата преку теренски посети на општините, на општинските организации ќе ги слушне потребите на граѓаните, на симпатизерите и членовите и во процес на внатрешна селекција да понуди најприфатлива кадровска понуда за кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и градот Скопје, како и програма со која ќе излезе на изборите.
Централниот одбор на предлог на претседателот избра три нови членови на Извршниот одбор на партијата и тоа: Иван Трајковски од младината на НСДП, Маја Стојковска, актуелен член на Советот на општина Ѓорче Петров и Влатко Ристовски, член на Советот на општина Крива Паланка.

































