5 февруари, 2014

Во средата во Кавадарци се одржа првата од трибините кои НСДП ќе ги организира низ градовите во Македонија на тема „Зошто оваа власт треба да си замине“. На трибината говореше претседателот на НСДП, г-дин Тито Петковски и потпретседателот, проф.д-р Николче Ацевски, кои се осврнаа на актуелната политичка состојба во Република Македонија како и на погубните политики кои ги води Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во изминатиот осумгодишен период.На трибината присуствуваа повеќе граѓани од општина Кавадарци и околните места, кои имаа можност да дадат свои погледи и видувања за случувањата во Македонија, за маките и проблемите со кои се соочуваат, како и да изнесат свои мислења и предлози до НСДП за приоритетите со кои треба да се занимава идната владејачка гарнитура.