(ФОТО) ТРИБИНА НА НСДП ВО БИТОЛА: КАКО ДА СЕ ПОРАЗИ „ГРУЕВИЗМОТ“?

28 ноември, 2015

Вчера во Домот на културата во Битола, Нова социјалдемократска партија(НСДП) одржа трибина на тема: Како да се порази „груевизмот“, на која свое обраќање имаше претседателот на партијата Тито Петковски.

Осврнувајќи се на политичките процеси кои треба да доведат до ослободување од стегите на режимот, Петковски нагласи дека владеењето на Никола Грувески се темели на милитаристички методи, односно на три „п“ – пари, пропаганда и пендрек. Според него, оваа состојба ќе бара многу енергија и труд за промена на колективната свест за промена на Груевизмот.

Петковски рече дека е оптимист дека за година и половина за Груевски ќе се зборува како за затвореник.

На трибината учествуваа и пратениците на НСДП Соња Мираковска, Горан Мисовски и Љупчо Јосифовски.

Фотогалерија од трибината на НСДП во Битола на тема: Како да се порази „груевизмот“?

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство