ТРИБИНА НА НСДП ВО БИТОЛА „ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ВО РАЦЕТЕ НА ГРАЃАНИТЕ“

15 март, 2014

Претстојните редовни претседателски и предвремени парламентарни избори и можните импликации од нив, беше темата на трибината што во петокот навечер ја организираше ОО на НСДП во.Битола. Пред полн аудиториум во малата сала на Домот на култура се обратија потпретседателот и претседателот на НСДП,  Николче Ацевски и Тито Петковски.

Погрешните политики на оваа власт доведоа до  економски пустош на државата што резултира со егзодус на младите, кои во потрага по подобра живот масовно мигрираат кон западните земји.

-Според податоците на Светска банка околу 270.000 луѓе ја напуштиле државава во последните години, а според некои неофицијални информации, таа бројка е застрашувачка и ја надминува бројката од 500.000 граѓани кои си заминале од Македонија – истакна Николче Ацевски.

Оваа влада води политика на нерамномерен економски развој, од која политика најзагрозена е Битола и нејзините граѓани смета Ацевски.

-Само Битола е заобиколена од изградбата на најавените автопатишта. Битолскиот Универзитет за неколку години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ од второ место пшадна на 4 место според последната листа. Вложувањата во РЕК Битола се сведени на нула што резултира со намалено производство на сметка на зголемен увоз. За овие неколку години во Македонија е увезена  струја во вредност од над 1.200.000 милиони евра- потенцираше Ацевски.

Претседателот на НСДП Тито Петковски го повтори неколкупати потенцираното досега, дека целата божемна криза со консензуален кандидат и одењето на предвремени парламентарни избори е само едно веќе договорено сценарио меѓу коалиционите партнери.

-Па со самото тоа што парлкаментарните избори ќе се одржат заедно со вториот круг на претседателските избори е во интерес на цензусот за успех на изборите. Значи од ДУИ заговараа бојкот, но со самото прифаќање на изборниот датум тие помагаат претседателските избори да успеат. – смета Петковски.

Македонија е рекордер во Европа по ниво на апсолутна сиромаштија, на ниво на некои африкански земји. Огромна е социјалната нерамноправност во Македонија  според сите официјални статистички податоци смета Петков ски

-Несфатливо е што се треба да се случи за граѓаните да се разбудат од оваа ситуација на страв и замолченост. Еден работник кој зема реална просечна плата од околу 200 евра треба да работи над 50 години, за да ја заработи највисоиката месечна исплатена плата во државава. Никаде во Европа го нема тоа. Доколку ние составуваме влада во најитно време ке донесеме закон за еднократно оданочување на најбогатите Македонци  – истакна Петковски.

За крај на своето обраќање Петковски се осврна на незавршениот попис . Според него резултатите кои почнале да се добиваат од теренот покажале дека голем бил бројот на иселени Македонци што на површина ќе го исфрлел изборниот фалсификат на ДПМНЕ и ДУИ.

-Груевски ги обвинува Аклбанците за пропаѓањето на пописот, но ВМРО се уплаши од вистината дека на изборите добивале повеќе гласови отколку што имало реално гласачи.  Па само во Виница пописот покажал дека имало 3000 граѓани помалку отколку на избирачкиот список – заокружи Тито Петковски.

IMG_200834328243953 IMG_200842559554373 IMG_200853393525836 IMG_200862799451632 IMG_200871848489804 IMG_200877116393432 IMG_200881141171058 IMG_200886356903977 IMG_200891711590480 IMG_200899224673775 IMG_200903882066776 IMG_200909874372322 IMG_200915546167532 IMG_200920901819202 IMG_200930091007666 IMG_200937093947127

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство