На 14 октомври 2023 година во 18:00 часот во НУ “Народен театар Битола”, се одржа трибина на тема „18 Години НСДП! 18 Години борба, заложби и политики за социјална правда и работнички права!“
Во фокусот на политичкото делување на НСДП секогаш висок приоритет имаа СОЦИЈАЛНАТА ПРАВДА И РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА, а вчера на оваа тема имаа чест да се обратат луѓето кои безрезервно, силно, чесно и достоинствено ја промовираат НСДП и идејата зад која застанавме сите, кои креираат и носат одлуки за поквалитетен и пристоен живот:
1️⃣Членот на Извршниот одбор на НСДП и директор на АДИССДП, Зоран Георгиев
2️⃣Потпретседателот на НСДП и помошник директорот за правни работи и човечки ресурси во РЕК Битола, Драги Крстев
3️⃣Потпретседателката на НСДП и пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Соња Мираковска
4️⃣Генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар во Собранието, Мики Милковски
5️⃣Претседателот на НСДП и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски
🟦НСДП се роди на политичката сцена пред 18 години, како зрак на надеж за обесправените, сиромашните, безнадежните, маргинализираните, зрак на надеж за обичниот граѓанин, зрак на надеж за работниците кои чесно заработуваат со својот труд, зрак на надеж за младите и прогресивните кои сакаа промени за пристоен живот во нашата татковина.
🟨НСДП го подигна гласот за втемелување на вистинските вредности во македонското општество, за слободите на човекот и мислата, за социјална правда, за еднаквост, за солидарност, за прогрес, за новата социјалдемократија како тренд во Европа.
🟦НСДП опстојува на овие вредности и годинава ќе го прослави полнолетството, својот 18ти роденден!18 години НСДП чекори по пат кој беше исполнет со многу предизвици, внатрешни, но и на политичката сцена. НСДП силно чекори напред, со јасна визија и мисија.
🟨18 години поминати со многу политички активности, политички борби, заложби за своите програмски и стратешки цели, борба и јавни политики кои некогаш беа и пред времето, но храбро ги пласиравме и по некое време фатија корен, фатија место во државната политика и мерките кои беа преземени во корист на создавање и развивање на едно праведно, прогресивно и модерно општество.
🟦Нашата држава денес е слободно демократско општество, земја членка на НАТО и земја со отпочнати преговори со Европската унија.
🟦🟨Нашиот слоган беше и уште е: „СИЛНО И ЧЕСНО! За пристоен живот.“