Трајковски и Мисовски се сретнаа со раководството на ОО НСДП во Охрид

9 октомври, 2021

Организацискиот секретар Кристијан Трајковски и потпретседателот Горан Мисовски се сретнаа со реаководството на НСДП во Охрид и кандидатката за член во Советот на општината, Милена Грозданоска.

На средбата која се одржа непосредно пред централниот митинг на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“,  организацискиот секретар и потпретседателот беа информирани за локалните предизборни активности во кои е вклучена општинската организација и за амбинетот во кои се одвива локалната политичка битка помеѓу претендетите за градоначалничкото место и за место во советот на општината.

Локалното раководство на НСДП истакна дека сите членови и симпатизери на НСДП во Охрид на дневна основа се мобилизирани и активно вклучени во промовирањето на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески и листата на кандидати за советот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, со што присуството и активноста на партијата е видливо и препознатливо на локално ниво.

Кандидатката за советник во општината, Милена Грозданоска ги изнесе своите размислувања и идеи за тоа на кој начин НСДП ќе се вгради во раководењето на локалните институции по завршувањето на изборите и давањето на свој допринос во подобрување на квалитетот на живот во Охрид.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство