Трајковски: Преку мрежа од научно-технолошки паркови до иновативни бизниси

8 јули, 2020

Во услови кога економските текови се глобализирани, ги сечат државните граници, а протокот на стоки, услуги и знаење е се подинамичен, остварувањето на долгорочни и стабилни стапки на економски раст не може да се очекуваат без стимулирање на технолошкиот развој на компаниите, за таа цел НСДП во идната влада формирана од колацијата „Можеме“ ќе ја застапува идејата за отворање на што повеќе научно-технонолошки паркови, кои ќе прераснат во средиште на иновативниот бизнис, рече пред членовите на општинскиот штаб на НСДП во Прилеп, Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

Трајковски осврнувајќи се на потребата за развој на иновативно претприемништво кај младите, истакна дека неопходно е младите луѓе да имаат место на кое ќе може да разменуваат идеи, да развиваат вештини, да доаѓаат во контакт со напредни и дигитални технологии.

„Конкурентноста на економијата зависи од нејзиниот иновативен потенцијал кој треба да произлезе од соработката помеѓу науката и компаниите, затоа како политичка партија сметаме дека преку директно буџетско финансирање потребно е да се поттикен развивање на мрежа од научно-технолошки паркови низ земјава, кои  ќе го стимулираат протокот на знаење помеѓу универзитетите и компаниите, истовремено поддржувајќи ги младите во започнувањето на иновативни бизниси. Деловното опкружување треба да биде моделирано за да стимулира старт-апи и иновативни мали и средни компании, само на тој начин ќе имаме економија поставена на цврсти темели, со капацитет да одговори на економските предизвици на 21-от век предизвикани од дигиталната трансформација на општеството“, рече Трајковски.

Тој ги повика членовите на општинската организација да ги уверат граѓаните на Прилеп дека и во услови на пандемија државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори, со почитување на протоколите гласањето ќе биде сосема безбедно и без закана по здравјето.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство