Трајковски: По 15 јули продолжуваме одлучно и чесно да ги решаваме проблемите

29 јуни, 2020

Шефот на Централниот изборен штаб на НСДП, Кристијан Трајковски денеска во рамки на централниот предизборен караван на коалицијата „Можеме“ оствари неколку средби со граѓани на општина Гевгелија.

Охрабрувајќи ги граѓаните да излезат на денот на изборите и својот глас да го дадат за „Можеме“, Трајковски истакна дека Владата во која партиципира и НСДП за две и пол години направи пресврт на подобро во животот.

„Она што го започнавме по 15 јули ќе го продолжиме, ќе работиме чесно и одговорно, ќе ги решаваме проблемите, ќе нудиме решенија, искрено сакаме Северна Македонија да биде модерна и напредна земја, рамо до рамо со најнапредните западноевропски земји“, порача Трајковски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство