Трајковски: НСДП ќе предложи мерки за развој на индустријата во руралните средини

4 јули, 2020
Развивање на мерки за забрзување регионалниот економски раст, со посебен фокус нна индустрискиот раст во руралните средини преку поддршка за отворање на мали производствени капацитети кои ќе бидат во функција на зајакнување на извозот на преработки од земјоделски производи, производство на делови за земјоделска механизација, вклучително и на делови наменети за системи за наводнување, рече пред дел од членовите на НСДП во Крива Паланка, Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

Тој порача дека оваа програмска определба на НСДП, која ќе ја застапува во идната влада формирана од коалицијата „Можеме“, ќе треба да доведе до зајакнување на врските меѓу земјоделското производство и индустријата.„Со реализацијата на оваа идеја ќе се обезбеди избалансиран раст и креирање на нови работни места и за граѓаните од  руралните средини“, истакна Трајковски.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство