СВЕТО ПЕТРУШЕВСКИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НСДП КУМАНОВО

21 март, 2015

Свето Петрушевски, агроном инженер вработен во јавното претпријатије “Чистота и зеленило“, е новиот претседател на општинската организација на НСДП Куманово.

(Текстот и сликите се превземени од порталот www.kumanovonews.com)

nsdp-sveto-petrusevski-1

На денешната трета изборна конференција на партијата, за Петрушевски гласаа 37, а за неговиот противкандидат Јасмина Спасовска гласаа 36 делегати. Петрушевски како нов претседател порача дека од денеска, сите нивни членови треба да ги запознаат граѓаните со политичките “бомби“ и “Вистината за Македонија“.

Одговорноста е да ја шириме “Вистината за Македонија“ до секој граѓанин, од било која политичка опција, верска и етничка припадност. Сите сложно како еден, без делење и цепкање да му кажеме на Груевски и фамилијата да си одат, да не огрее ново сонце, да ја вратиме слободата и демократијата и да живееме во иднина подобро. Ќе работиме во интерес на Куманово, ќе се бориме за Македонија – изјави Петрушевски.

На избoрната конференција се обрати и лидерот на НСДП, Тито Петковски кој говореше за актуелната политичка криза и власта која ги игнорира “бомбите„ и се однесува како ништо да не се случува.

nsdp-pretsedatel-2

Продолжуваат да се прават како да не се од тука, играјќи на филозофијата на нојот со глава во песок, мислејќи дека ништо не се случува. И покрај целиот безобразлик, криминал, корупцијата продолжуваат како ништо да не се случува во државата. Дури за се наоѓаат вина кај опозицијата. Нивната филозофија е дека не е виновен тој што направил убиство, туку тој што кажал дека настанало убиство“ – рече Петковски.

Досегашната претседателка на НСДП Куманово, Сунчица Јосифова даде отчет за сработеното во периодот од октомври 2009 година досега.

Се соочувавме со многу предизвици кои со себе ги носи политиката. Носевме заклучоци и одлуки, имаше голем број на трибини. Во Советот на општина Куманово имаме два советника кои работат во интерес на граѓаните“ – кажа Јосифова.

11081042_1568983426717744_7417752864896048346_n

Истовремено избрани се членови на извршен и надзорен одбор. На изборната конференција присуствуваа пратениците Горан Мисовски, секретарот на партијата Соња Мираковска, членови на политичките партии СДСМ, ЛДП, ВМРО-НП и други.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство