СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА НСДП ПО ПОВОД 18 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА НСДП

27 ноември, 2023

На 26.11.2023г (недела), во 12 часот во Занатски дом во Куманово се одржа Шестата (свечена) седница на Централниот одбор на НСДП.


Оваа свечена седница се одржа по повод 18тиот роденден на партијата, кој ќе го прославиме на 17 декември 2023 година во Скопје, а на седницата покрај членовите на Централниот одбор присуствуваа и претседателите на општинските организации, советниците во општините, како и членови на претходните состави на Централниот одбор на партијата.

 
На седницата свои обраќања имаа претседателот Горан Мисовски, генералниот секретар Мики Милковски, потпретседателката Соња Мираковска, Богдан Николовски од поранешните членови на ЦО, како и членот на ЦО и поранешен секретар на партијата Петар Шапе.


НСДП опстојува на своите идеолошки постулати и по изминати 18 години од формирањето.
СИЛНО И ЧЕСНО❗️


Да ни е за многу години полнолетството и да ни е вечна НСДП!

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство