СТЕВО ВО СКОПСКО: ДА НИ БИДЕТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ

3 април, 2014

Средби на кандидатот за претседател на Р.Македонија, Стево Пендаровски, со жителите на Ченто, Сингелиќ, Хиподром и Јурумлери

Честитки и желби Стево Пендаровски да биде новиот претседател на Македонија. Вака го пречекаа претседателскиот кандидат Пендаровски, жителите на скопската населба Ченто.

-Ќе бидам претседател кој ќе работи за доброто на граѓаните и на Македонија, рече Стево Пендаровски.

Тој беше на пазарот, зборуваше со минувачите, ги посети и околните дуќани.

Гледајте каков ни е патот во 21-от век во Скопје! Кал на сите страни, а тротоари нема. Овде никогаш не се инвестирало! Нема инфраструктура, нема канализација, нема вода и струја во голем дел од денот. Тука не живееме како луѓе, се пожалија жителите на село Сингелиќ.

Ни ветуваа работа, а работа нема. Власта ни ветуваше подобар живот, а ние живееме во сиромаштија. Ние сме многу разочарани. Но знаеме дека ни е потребен претседател кој ги разбира човечките маки. Во Вас гледаме таков претседател и затоа ќе гласаме за Вас, велат граѓаните.

Пендаровски рече дека ќе се заложува за подобар живот на сите граѓани.

-Не смее да има делби. Ако си член на ВМРО-ДПМНЕ ќе добиеш се, а ако не ништо. Но, мојот план е да не ги делам луѓето ни по партиска определба, ни по вера ни нација. Да заборавиме на тие делби.

Младите од Хиподром со транспарент му порачаа на Пендаровски: „Стево, во тебе го гледаме најголемиот сојузник“. Во директната комуникација му рекоа дека во него гледаат надеж за нивната иднина во Македонија.

Стево Пендаровски беше и во Јурумлери. Жителите и таму се пожалија на сиромаштија и мизерни услови за живот. Истата мака. Немаат вода за пиење.

– Да им дадеме шанса на нови луѓе и на нови политики. Да завртиме нова страна во историјата. Македонија да биде мајка на сите, повика Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Република Македонија.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство