СТЕВО: ПРИНЦИПИТЕ НА СОЛИДАРНОСТ И ПОДАДЕНА РАКА ЌЕ БИДАТ ПРИОРИТЕТ

6 април, 2014

Средби на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, со жителите на Карбинци и штипските населби Стар Караорман, Три Чешми и Баби

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја продолжи својата дневна агенда преку посети на места во штипската околина.

Стево оствари средба со жителите на општина Карбинци, на кои им го пренесе неговиот впечаток за моменталната состојба во земјава:

„Ја поминав цела Македонија, ги видов реакциите на граѓаните. Велат не ни ја бива работата. Затоа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивниот кандидат за претседател не ја уживаат поддршката на народот. Нов мандат нема да добијат. Македонија бара промени“, им порача Стево на карбинчани.

„Македонија никогаш не била особено богата, но јас верувам дека со работа, со чесност и еднакви шанси за сите, може да се успее“, истакна Стево.

Пендаровски ги посети и граѓаните од штипската населба Стар Караорман.

„Сегашната власт ветува брда и долини. А пустош и мизерија оставија“, се пожали еден повозрасен жител на Стар Караорман.

Стево потенцираше дека има сосема поинаков концепт за водење на државата.

„На Македонија ѝ е потребен нов почеток, каде принципите на солидарност и подадена рака ќе бидат приоритет. Обединување наместо делби.“, зборуваше Стево.

Претседателскиот кандидат ги посети граѓаните на една од најголемите штипски населби, населбата Баби, каде срдечно го пречека жителите.

„Залудна им е целата негативна кампања која ја водат против мене и против опозицијата. Јас стојам пред вас со искрен пристап, без тутори, ментори и сопственици. Вие може да процените каков претседател сакате.“ рече Пендаровски.

При посетата на штипската населба Три Чешми, жителите на овој дел од градот апелираа до Стево да биде истраен и непоколебливо да се спротивставува на сите неправди со кои се соочуваат македонските граѓани.

„Ние друга земја, друга татковина немаме. Во Вас ја гледаме надеж за спас на Македонија“, му се довери една од насобраните штипјанки.

„Не грижете се. Оваа земја ќе го добие тоа што го заслужува – претседател кој ќе обединува и ќе ја врати насмевката на лицата на граѓаните“, рече Стево пред насобраните граѓани. Вечерва, во центарот на Штип, ќе се одржи централниот настан на кој претседателскиот кандидат ќе има свое обраќање пред штипјани а ќе даде одговори и на прашањата на граѓаните.

7

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство