Стево: Никогаш да не се повтори 27 април, да се обединиме и да продолжиме напред

28 април, 2019

Изјава за медиуми,

Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател,

Скопје, 27.04.2019

 

Почитувани граѓани,

Денешниот датум, 27 април, пред две години на овој ден, ја имавме една од најгрдите епизоди воопшто во историјата на модерна Република Македонија

Имено на тој ден, знаете сите, беше организиран упад во највисокиот законодавен дом, во кој тогашната партија на власт се обиде да го спречи мирниот трансфер на власта .

На тој ден страдаа пратениците, страдаа новинарите, страдаа вработените во Собранието, дел од луѓето кои упаднаа добија судски пресуди, а за дел од нив се постапките во тек, она што е најважно и она што мислам дека во вториот изборен тек да  се потенцира е дека не чувме политичка осуда, било каква осуда, макар од човечки аспект на луѓето, на политичката партија, на кандидатите кои и сега ја бараат вашата доверба во очи на 5-ти Мај и вториот круг на Претседателските избори. 

Имено, партијата која тоа тогаш го организираше ВМРО ДПМНЕ, и нејзиниот кандидат односно кандидатка Силјановска ниту тогаш, ниту во изминативе две години во било кој повод не кажа ниту еден збор осуда за тој чин кој ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји кадешто такви случаи се практикуваат во недостаток на базичен мир и безбедност за граѓаните.

Во модерна Европа таков чин нема забележано во изминативе векови, ние бевме првата Европска држава која тоа го направи и оние кои тоа го направија и ден денеска ја бараат вашата доверба врз истата платформа, врз истите политички постулати велејќи дека сакаат повторно да дојдат на власт и колнејќи се во правото и во правдата.

Почитувани граѓани, сите тие флоскули за право и правдина, би вределе, би имале тежина, само во случај ако г-ѓата Сиљановска и партијата која ја поддржува го осудат овој чин и конечно кажат дека од таквите луѓе кои тоа го организираа, сите ние треба да се срамиме.

Ова е многу побитно од тоа кој ќе добие на изборите, ова е многу побитно и од пратенички мандати и од советнички мандати, ова е многу побитно од бројот на гласови што ќе го добиеме, ова е побитно дури и од тоа дали ќе добиеме датум за преговори во Јули.

Едноставно како луѓе, мораме да се погледнеме во очи, да си кажеме дека тоа не беше во ред дека тоа не беше деморкатски, и дека такви практики никогаш повеќе во оваа држава нема да се повторуваат, сосема небитно кој е власт а кој опозиција.

Благодарам.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство