СТЕВО: ДА ГИ ДУПЛИРАМЕ ГЛАСОВИТЕ И ДА СПРЕЧИМЕ КРАЖБА

17 април, 2014

Средби на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски со граѓаните во скопската општина Ѓорче Петров

– Ние веруваме во нашиот концепт и идеја за Македонија и ќе продолжиме да се бориме за нив. Тие ја поистоветија партијата со државата, правејќи ни ја државата политички опонент и спроведувајќи системска кражба. Граѓаните веруваат во нашиот концепт, затоа масовно да излеземе и да не дозволиме да се фалсификува волјата на граѓаните, повика претседателскиот кандидат Стево Пендаровски при денешните средби во општината Ѓорче Петров.

Жителите овде се жалат на лоши услови за живот. Говорат отворено и за изборите. Велат очигледни се бојните изборни нерегуларности, со коишто власта ги добива изборите.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обрати на големиот граѓански собир во Ѓорче Петров.

– Им благодарам на граѓаните кои во овие услови ми ја дадоа масовно својата поддршка. На 27-ми ве повикувам да ја дуплираме таа бројка. На 27-ми да гласаме за нови луѓе, за нов концепт, на 27-ми април да извојуваме двојна победа, повика Стево Пендаровски во своето обраќање на собирот на граѓани во Ѓорче Петров.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство