СТЕВО: ЌЕ БИДАМ ВИСТИНСКИ ЧУВАР НА МИРОТ

8 април, 2014

Средби на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во скопските општини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ги продолжи средбите со граѓаните низ скопските населени места.

Пендаровски во скопската општина Кисела Вода беше пречекан со овации и воодушевување од граѓаните кои масовно му ја искажаа својата поддршка. Тој им порача дека само со солидарност сите заедно може да направиме промена на сликата за Република Македонија, промени за иднина. Сега, заради државата, дециден беше Стево.

 

 

– Претседателот мора да биде вистински чувар на мирот. Тоа е еден од столбовите по кој јас ќе се водам, додаде тој.

Иванов е чирак, а газдата е Груевски. Тој е креатор на лошите политики, тој е креатор на лошите трендови. Сега е вистински момент за промена, посочи Пендаровски во скопско Сопиште.

Стево беше и во посета на скопската општина Аеродром, каде младите на симболичен начин ја изразија својата поддршка со порака дека тој е нивниот Претседател. Младите дофрлаа дека тој за нив веќе е Претседател на Македонија.

 

 

Пендаровски ја заврши својата посета на средба со жените од неколку женски организации.

– На 13ти април е првото полувреме. На тој ден ќе ми треба вашата женска сила. Во првото полувреме да најавиме а во второто сите заедно да објавиме дека промените победија, рече Пендаровски во обраќањето.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство