14 февруари, 2014

Во петокот (14.02.2014г.) Советот на Општина Кочани ја одржа својата редовна 16 седница. Советникот од НСДП имаше повеќе дискусии во кои укажуваше на неправилното работење на локалната владеачка гарнитура. Посебни забелешки беа упатени кон неисполнувањето на обврските од стана на некои основни училишта да поднесат полугодишен извештај за работа и за нивниот (не)квалитет. Исто така им беше укажано на директорите на две училишта дека организираат екскурзии кои не се во согласност со правилникот од МОН. За прв пат советникот Стефановски се јави за збор и на точка од областа на земјоделието, која всушност прерасна во процедурална забелешка на комодитетот и верноста кон Владата од страна на советниците на ВМРО ДПМНЕ.
Повеќе од видеото: