Средба на претседателот Петковски со Даниел Крстевски, кандидат за градоначалник на Ранковце

13 октомври, 2021

Претседателот на НСДП, Тито Петковски заедно со кандидатот за советник од НСДП, Горан Младеновски денес остварија средба со кандидатот за градоначалник на Општина Ранковце, Даниел Крстевски и носителката на советничката листа на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Александра Стамболиска Јовановска и посетија неколку места во село Псача.

Претседателот Петковски ја изрази целосна и недвосмислена поддршка од НСДП за кандидатурата на Даниел Крстевски за иден градоначалник на општина Ранковце.

Заеднички го посетија старото школо во село Псача и најавија проект за негова рехабилитација во соработка со Шведската амбасада, со што овој објект ќе се трансформира во Детски рекреативен центар. Даниел Крстевски истакна дека овој проект ќе биде еден од неговите приоритети како иден градоначалник на општината.

На средбата се разговараше и за подобрување на инфраструктурата околу манастирот Св.Никола, како и за преземање од страна на општината на бунар за вода (бушотина), кој е приватна инвестиција, за задоволување на потребите од снабдување со вода на едно маало во село Псача, што би било приватна донација за локалната самоправа.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство