СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НСДП ПЕТКОВСКИ СО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР БЕЈЛИ

8 март, 2016

Претседателот на НСДП, Тито Петковски денеска оствари стредба со амбасадорот на САД во Република Македонија, господинот Џес Бејли.

тп 2

На средбата стана збор за актуелните политички состојби и процеси во државата поврзани со обврските кои произлегуваат од договорот постигнат во Пржино, како што е процесот на прочистување на избирачкиот список, функционирањето на Специјалното јавно обвинителство и реформата во медиумите.

Осврнувајќи се на текот на подоговките на изборите, Петковски на средбата истакна дека за постигнување на успех на истите потребно е формирање на широк опозициски фронт, односно сојуз од политички партии, граѓански организации и интелектуалци, независно од нивната етничка и верска припадност, кои ќе се обединат во борбата против криминалот и корупцијата на актуелната власт и ќе застанат цврсто во намерата за враќање на демократијата и слободата во Македонија.

Петковски ја нагласи потребата од процесирање на обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство, а кои се поврзани со спроведување на изборни нерегуларности, како нужен предуслов за враќање на довербата на граѓаните во капацитети на институциите за фер и демократски избори.

„Воопшто не е проблем да се формира и специјализирано оделение во судот, кое ќе биде задолжено за процесирање на обвиненијата поднесени од страна на Специјалното јавно обвинителство“, рече Петковски на средба, притоа истакнувајќи дека на сите високи функционери кои се вмешани во изборен криминал би требало да не им се овозможи повторно да се најдат на листите за пратеници на престојните избори.

тп 1

тп3

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство