Советникот Jаќимовиќ од НСДП, тврди дека за набавка и инсталирањето на мултифункционалниот систем и семафорот во спортската сала во Куманово се потрошни рекордни 600.000 евра

30 септември, 2024
Советникот Jаќимовиќ од НСДП, тврди дека за набавка и инсталирањето на мултифункционалниот систем и семафорот во спортската сала се потрошни рекордни 600.000 евра, и смета дека тоа е срамно и за Општината и за советниците што дозволиле да се потрошат толкави пари.
„Барам на дневен ред да се најде информација за јавната набавка за градежно занаетчиски работи и матерјали за реконструкција на спортската сала. И предходно, а и сега тврдам дека со оваа инвестиција е нанесена голема штета во однос на потрошените средства. Се тврдеше дека мултифункционалниот семафор ќе чини 10 милиони денари, а не 70 милиони како што јас тогаш велев. Ако го погледнеме договорот што е објавен на општинскиот сајт за јавни набавки може да видиме дека за реконструкција на спортската сала се потрошени скоро 59 милиони денари, со ДДВ цели 70 милиони денари кои беа предвидени со развојната програма. Ако детално ја погледнеме пресметката ќе видиме дека за три ставки; инсталатерски работи за озвучување се потрошени 5.7 милиони денари, електронска опрема и инсталација 12,1 милиони денари, мултифункционален семафор 10,5 милиони денари. Станува збор за близу 36 милиони денари со ДДВ или 600.000 евра за еден обичен семафор. А во предходната набавка имаше набавенo семaфор, кој чинеше 950 илјади денари. Го повикувам мнозинството во Советот да ја стави точката на дневен ред и да видиме дали имамо потреба во Куманово да се потрошат 600 илјади евра за семафор“, побара Јаќимовиќ.
Повеќе на: www.kumanovonews.mk

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство