СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГОРАН МИСОВСКИ НА 81 ГОДИНА ОД ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ

11 март, 2024

Собраниска делегација предводена од потпретседателот Горан Мисовски оддаде почит на 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола, Велес, Штип и други градови, кои на 11 март 1943 година на суров и безмилосен начин беа заробени за да бидат транспортирани кон концентрациониот логор на смртта Треблинка, од каде никогаш не се вратија.

Ова сурово злосторство против човештвото треба да биде потсетник за сите нас за ужасите што може да бидат направени, ако не се негува соживотот, толеранцијата, меѓусебното почитување и разбирање.


Да простиме, но да не заборавиме, за никогаш да не се повтори

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство